| |

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), чиј претседател Иван Стоилковиќ е актуелен министер за локална самоуправа во Владата, на социјалните мрежи јавно се простува од Ратко Младиќ претставувајќи го како национален херој.

Она што загрижува е дека ДПСМ, партија која е дел од власта и државните институции, која има свој министер во Владата на Северна Македонија, која има пратеник во Собранието на Северна Македонија, која има директори во владините институции, преку своите канали за комуникација на социјалните мрежи, осудениот воен злосторник го претставува како национален херој.

Исто така, дел од медиумите, оние медиуми на „српскиот свет“ во Северна Македонија, се обидоа преку смртта на Ратко Младиќ да го релативизираат „ликот и делото“ на нивниот „генерал“.

Очигледно е дека идеологијата и идејата на монструмот Ратко Младиќ живее во македонското општество, политичките партии, невладините организации и медиумите кои ја спроведуваат идеологијата на „српскиот свет“ во Северна Македонија.

Историјата ќе го запамети Ратко Младиќ како воен злосторник осуден на доживотен затвор за најтешките злосторства извршени на европско тло по Втората светска војна, според пресудата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Вистината на која целиот свет сведочеше пред само три децении, не е можно да биде ниту релативизирана, уште помалку сменета.

Сакаме јавно да кажеме, доколку премиерот Христијан Мицкоски, како и првиот вицепремиер Беким Сали, не реагираат на овие ставови на партијата и членовите на ДПСМ, тогаш ќе сметаме дека цела Влада на Р. Северна Македонија ги споделува истите ставови.

Истото важи за сите политички партии кои се дел од владејачката коалиција, доколку не го осудат величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ од страна на нивниот партнер ДПСМ, ќе сметаме дека ги споделуваат истите ставови и кон нив така ќе се поставиме.

СДА Македонија ќе даде свој придонес нашето општество да ја порази идеологијата на „српскиот свет“ кои два дена низ медиумите и социјалните мрежи глорифицираат геноцид, воени злосторства, етнички чистења.

Ќе ја поразиме идејата на големосрпската пропаганда дека е „херојство“ ако убиваш деца, жени и немоќни цивили.

СДА Македонија



Слични Објави