Европол: Бугарија учествуваше во меѓународна операција против ботнет-мрежата Sality
Бугарските служби за безбедност учествуваа во меѓународна операција против Sality, една од најдолготрајните криминални ботнет-мрежи во светот, соопшти Европол, пренесува БГНЕС.
Операцијата била спроведена на 31 август 2026 година под раководство на американските власти, со учество на Бугарија, Унгарија, Романија и САД и со поддршка од Европол, CrowdStrike и фондацијата Shadowserver.
Според Европол, Sality дејствувала повеќе од две децении, а во својот врв му овозможувала на операторот пристап до околу еден милион заразени уреди. Со инфраструктурата досега се поврзани повеќе од 11 милиони уникатни IP-адреси.
Во рамките на операцијата, комуникацијата на заразените уреди била пренасочена кон контролирана инфраструктура, со што тие биле изолирани од ботнетот, а комуникацискиот канал на операторот бил оневозможен.
Европол ги поддржува меѓународните напори против Sality од 2017 година, координирајќи ги активностите на надлежните органи во повеќе држави.
