Бугарската ВМРО ја одржа традиционалната панихида во спомен на Тодор Александров и Иван Михајлов кај селото Сугарево
Над селото Сугарево, во Мелничко, беше одржана панихида во спомен на водачите на ВМРО Тодор Александров и Иван Михајлов, по повод 102 години од смртта на Александров и 36 години од смртта на Михајлов, јавува БНР Благоевград.
Кај параклисот „Св. Илија“, каде што се наоѓаат гробовите на Тодор Александров и Панзо Зафиров, беа положени венци и свежо цвеќе од Бугари од Мизија, Тракија, Добруџа и Македонија. Во нивна чест имаше и почесна стрелба.
На одбележувањето учествуваа и учесници во традиционалниот поход „По стапките на Тодор Александров“, кој секоја година се одржува пред поклонението.
На настанот присуствуваа претседателот на ВМРО Красимир Каракачанов, членови на раководството на организацијата, симпатизери и официјални лица. Нови членови на ВМРО положија и заклетва.
