| |

Јотова: Нема да дозволам никаков компромис со Република Северна Македонија, таму живеат наши браќа и сестри и нема место за омраза

Нема да дозволам никаков компромис во однос на Република Северна Македонија. Таму живеат наши браќа и сестри и нема место за омраза. Ова го изјави претседателката на Бугарија Илијана Јотова, во своето обраќање пред членовите на иницијативниот комитет, што ја издигна нејзината кандидатура, заедно со таа на кандидатот за потпретседател на Кирил В’лчев на претстојните претседателски избори во Бугарија, јавува БГНЕС.

Од своја страна кандидатот за потпретседател директорот на Бугарската телеграфска агенција Кирил В’лчев се заложи за зачувување и промовирање на бугарскиот јазик и култура.

„Одржувањето жива на врската со Бугарите во светот беше моја обврска. Тоа е традиционална обврска и на потпретседателот. Бугарија треба да продолжи да ги поддржува Бугарите насекаде во светот“, изјави В’лчев.

Слични Објави