На 4 октомври кај селото Клуч во Бугарија ќе се одржи традиционалниот поход „По стапките на Самуиловите воини“
Националниот туристички поход „По стапките на Самуиловите воини“ ќе се одржи на 4 октомври, со почеток во 9 часот од Националниот парк-музеј „Самуилова тврдина“ кај селото Клуч, во општина Петрич, јавува Пиринско.
Традиционалната манифестација се организира секоја година во првата недела од октомври, а учесниците ќе поминат патека долга пет километри во една организирана колона.
Организаторите посочуваат дека учесниците треба да бидат соодветно опремени за пешачки туризам, да бидат во добра здравствена состојба и да ги почитуваат правилата и упатствата на раководителите на походот.
За време на маршот се бара и почитување на природата и одржување на чистотата на околината.
