| |

Бугарскиот премиер Радев ќе учествува на Меѓународниот самит за вселенски прашања во Париз

Бугарскиот премиер Румен Радев денеска и утре ќе учествува на Меѓународниот самит за вселенски прашања во Париз, а ќе присуствува и на официјалниот прием што го приредува францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата, соопшти прес-центарот на бугарскиот Совет на министри, јавува 24 Часа.

Во присуство на Радев и Макрон денеска ќе биде потпишан меморандум за разбирање меѓу бугарската компанија „ЕндуроСат“ и „Аријанспејс“.

Од страна на „ЕндуроСат“ документот ќе го потпише главниот извршен директор Рајчо Рајчев, а од страна на „Аријанспејс“ – главниот извршен директор Давид Каваолес.

За време на посетата на Париз, Радев ќе одржи и повеќе билатерални средби, а предвидена е и посета на центарот за податоци на „Eclairion“.

Во делегацијата предводена од премиерот се и вицепремиерот Атанас Пеканов и министерот за иновации и дигитална трансформација Иван Василев.



Слични Објави