| |

Студенти од Дипломатскиот клуб при Софискиот универзитет го посетија Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Претставници на Студентскиот дипломатски клуб при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ на 12 септември го посетија Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, каде што се запознаа со практичните аспекти на дипломатската работа, јавуваат од Бугарскиот културно-информативен центар.

Делегацијата ја предводеше претседателот на клубот Филип Горчов, а меѓу учесниците беше и Христијан Пендиков, иницијатор и организатор на посетата во Северна Македонија.

Целта на посетата е младите луѓе одблизу да се запознаат со практичната страна на дипломатската работа на терен. За време на средбата ја претставивме програмата на БКИЦ–Скопје, нашите главни цели и заедничките проекти што ги реализираме со партнери од Република Северна Македонија.

Разговорот опфати теми од различни области — од спецификите и предизвиците на дипломатската професија и улогата на културната и јавната дипломатија, до актуелните геополитички процеси и европската перспектива на Западен Балкан. Разговаравме и за тешкотиите со кои се соочуваат Бугарите во Република Северна Македонија. Посебно внимание посветивме на моќта на културата да создава доверба, да го поттикнува дијалогот и да гради одржливи партнерства.

Средбите со мотивирани, љубопитни и добро подготвени млади луѓе се особено значајни за нас. Веруваме дека непосредниот контакт со реалната средина и отворениот разговор се важен дел од подготовката на следната генерација бугарски дипломати, стои во објавата на БКИЦ-Скопје на социјалната мрежа Facebook.



Слични Објави