Спречено ширењето на пожарот во малешевскиот крај, на терен 110 луѓе и 17 возила

/

Од 4 и пол часот утринава до 10:30 на пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци, дејствувал хеликоптер при што е постигнато пожарот да престане да се шири, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Берово.

Во гаснење на пожарот се ангажирани 110 луѓе и 17 возила, а преку Дирекцијата за заштита и спасување е побарано во гаснењето да се вкучи и ЕР-трактор (авион).

– На терен се следниве ДЗС со 30 луѓе и со четири возила, ТППЕ-Берово – шест луѓе и две возила, ТППЕ-Делчево – четири луѓе со едно возило. Доброволно ПП Д Кочани со пет луѓе и со едно возило, ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со три возила, ШС Равна река од Пехчево со осум луѓе и две возила, ШС од Радовиш со пет луѓе и едно возило, ШС Виница со пет луѓе и едно возило, ЈПКР Услуга со 10 луѓе и две возила и од населението – 15 луѓе, соопшти РЦУК – Берово. 



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Бензините се намалуваат за два, а дизелот 2,5 денари

Следна статија

Регистрирани се 779 нови позитивни случаи на SARS-CoV-2– пријавени се 4 починати лица

Најново од Вести