| |

20-годишна Бугарка ја оживува традицијата на народните носии

Дваесетгодишната Десислава Маринова од Ајтос веќе две години изработува и украсува бугарски народни носии, настојувајќи тие што е можно повеќе да се доближат до автентичните примероци, јавува Радио Бугарија.

Уште од мала таа ѝ помага на мајка си во шивачкото ателје, а со зголемениот интерес за народни носии се насочила кон везењето. За изработката користат етнографски истражувања, книги, архивски материјали и примероци од музеи, при што особено внимание посветуваат на материјалите, боите и традиционалните орнаменти.

„Делот што најмногу го сакам е носиите да ги правам што е можно поавтентични, за повеќе да личат на вистинските“, вели Маринова.

Според неа, најголем предизвик е зачувувањето на старите техники, бидејќи дел од нив денес тешко можат целосно да се применат. Таа посочува дека интересот за народните носии расте, вклучително и меѓу децата.

„Народната носија е дел од нашата историја што треба да се пренесува“, вели младата мајсторка, која планира да го продолжи своето образование во областа на етнографијата.

Слични Објави