| | |

(Видео) Јотова: Во врска со случајот со Ива Михаилова е мобилизирана целата бугарска држава

Во врска со случајот со Ива Михаилова е мобилизирана целата бугарска држава. Ова го изјави претседателката на Бугарија Илијана Јотова во емисијата „Лице во лице“ на бугарската телевизија БТВ.

Јотова ја потсети јавноста дека испратила писмо до својата колешка Гордана Сиљановска-Давкова, но досега не добила одговор.

„Пред два месеца ѝ испратив долго писмо на претседателката на Република Северна Македонија, г-ѓа Сиљановска, во кое детално го опишав целиот случај. До овој момент нема одговор“, вели Јотова и додава дека нејзината единствена желба е „една 23-годишна девојка да не остане со тежок инвалидитет до крајот на својот живот.“

Јотова соопшти уште дека таа лично го запознала генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе за случајот на Михаилова. Претседателката на Бугарија ја истакна улогата на пратеничките Деница Сачева и Надежда Јорданова, кои го информирале комисарот за човекови права и работата на бугарското Министерство за надворешни работи по случајот.



Слични Објави