Над 40 икони го чуваат духовното наследство на Бесарабските Бугари во Тараклија
Повеќе од 40 икони, кои се дел од духовното наследство на Бесарабските Бугари, се чуваат во Музејот на културното наследство во Тараклија, едно од главните бугарски средишта во јужна Молдавија, објави порталот tuk.md, пренесува Радио Бугарија.
Најстарата икона во колекцијата е од XIX век, изработена на дрво и насликана со природни бои. Останатите експонати главно потекнуваат од почетокот и средината на XX век.
Директорката на музејот Татјана Некит посочува дека во минатото за подготовка на боите се користеле природни материјали, меѓу кои жолчка од јајце, лушпи од кромид, цвекло и јаглен, а лукот служел како сврзувачко средство.
Во домовите на локалните Бугари најчесто биле застапени икони на Богородица, Исус Христос, Свети Никола Чудотворец и Свети Георги.
Од музејот нагласуваат дека иконите не се само религиозни предмети, туку и сведоштва за традициите што со генерации ги зачувувале Бугарите во Бесарабија. Експонатите се чуваат во контролирани услови на температура и влажност.

