| |

Wizz Air воведува директни летови меѓу Софија и Берлин

„Виз ер“ од 20 септември воведе директна авионска линија меѓу Софија и Берлин, соопшти прес-службата на авиокомпанијата, пренесува БТА.

Летовите се реализираат четири пати неделно – во понеделник, среда, петок и недела.

Линијата е целогодишна и ја поврзува Софија со германската престолнина.

Од „Виз ер“ соопштија дека од почетокот на работењето имаат превезено повеќе од 34 милиони патници од и до Бугарија, а од почетокот на 2026 година досега реализирале повеќе од 15.000 летови.

Авиокомпанијата претходно најави и постепено обновување на летовите до Џеда, Аман, Абу Даби и Дубаи, почнувајќи од 25 октомври.

Слични Објави