| |

Започнува предизборната кампања за претседателските избори во Бугарија

Во Бугарија од денеска 25 септември започнува предизборната кампања за изборите за претседател и потпретседател на Бугарија, закажани за 25 октомври. Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија регистрираше 27 кандидатски двојки, а кампањата ќе заврши на 23 октомври во 24:00 часот, јавува БТА.

Машинско гласање ќе има во сите избирачки места, со исклучок на оние со помалку од 300 избирачи, како и во подвижните избирачки места, здравствените и социјалните установи, на пловни објекти под бугарско знаме и во одредени избирачки места во странство.

ЦИК ги објави адресите на 11.778 избирачки места.

До 11:00 часот на 23 септември, за гласање во странство се пријавиле 18.430 бугарски државјани од 66 земји. Најмногу пријави има од Турција – над 7.000, Обединетото Кралство – близу 3.000, Германија – околу 1.500, САД – над 1.300 и Шпанија – над 700. Пријавувањето за гласање во странство трае до 29 септември.



Слични Објави