Американскиот еврејски комитет му додели награда на бугарскиот дипломат Николај Младенов
Американскиот еврејски комитет (AJC) му ја додели награда „Маделин и Брус М. Рамер“ на бугарскиот дипломат Николај Младенов, за дипломатски достигнувања, како признание за неговата долгогодишна работа поврзана со мирот и стабилноста на Блискиот Исток. Наградата беше врачена на 24 септември за време на приемот за глобална еврејска дипломатија на AJC, јавува 24 часа.
Младенов е висок претставник за Газа во Советот за мир и учествува во спроведувањето на планот и патоказот за Појасот Газа.
Извршниот директор на AJC, Тед Дојч, ја истакна неговата долгогодишна посветеност на дипломатијата, регионалната стабилност и меѓународната соработка.
Младенов беше специјален координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток од 2015 до 2020 година, а претходно и специјален претставник на ОН за Ирак. Тој е поранешен министер за надворешни работи и министер за одбрана на Бугарија.
„Мирот може да изгледа тешко достижен, но не е недостижен. Не можеме да престанеме да работиме за таа цел“, изјави Младенов при примањето на наградата.

