Бугарија за првпат доби светски шампиони во спортски танци

Кристијан Дончев и Мартина Кондаклиева освоија златни медали на Светското првенство во десет танци за постари јуниори во Бургас, станувајќи првите светски шампиони на Бугарија во историјата на спортските танци, јавува БНР.

Бугарската двојка го освои првото место во конкуренција на 25 двојки од 25 држави. Натпреварувањето се одржа во салата „Младост“, пред домашна публика.

Организатори на првенството беа клубовите за спортски танци „Бургас“ и „Бургас 1975“, со поддршка на Општина Бургас.



Слични Објави