Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев: Кога на саркофагот пишува „Цар на Бугарите“, споровите со Скопје се излишни
Историскиот настан на трети октомври, кога посмртните останки на цар Самоил ќе ѝ бидат предадени од Грција на Бугарија, е нешто без преседан. Ова го изјави со нескриени емоции во Благоевград министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, додавајќи дека се преземени и усогласени со институциите сите безбедносни мерки, јавува БНР.
Тој одговори и на прашање на БНР дали тоа става точка на претензиите на Скопје кон бугарскиот цар:
„Стануваме сведоци на нешто без преседан, нешто што тешко може да се процени – посмртните останки на еден бугарски цар да се вратат кај нас, тој да биде положен во земјата на својот татко. Ова е нешто од исклучително значење, дури ни е тешко да го процениме во моментов. Можеме само во сабота да го пречекаме овој исклучителен бугарски цар.
Ова е повод за празнување и повод за оддавање почит пред посмртните останки на цар Самоил, па затоа ги повикувам граѓаните да дојдат да го пречекаме и да го положиме бугарскиот цар таму каде што му е местото“.
Дали тоа става точка на претензиите на Скопје?
„Мислам дека одговорот се содржи во фактите и во вашето прашање – кога на саркофагот на царот пишува: Цар на Бугарите, мислам дека споровите се излишни“, коментираше министерот за внатрешни работи на Р. Бугарија, Демерџиев.

