| |

Бугарскиот парламент ратификува измена на договорот со „Локхид Мартин“ за изградба на капацитети за ремонт на генератори за F-16 во Бугарија

Бугарскиот парламент го усвои на прво и второ читање законот за ратификација на измената на рамковниот договор меѓу Министерството за економија и „Локхид Мартин“ за програмата за индустриска соработка поврзана со F-16 Block 70, јавува БТА.

Со измената, проектот за логистичка поддршка и управување со синџирот на снабдување се заменува со проект за изградба на капацитет за ремонт на генератори за F-16 Block 70. Проектот ќе го реализира државната компанија „Авионамс“.

Рамковниот договор предвидува шест проекти за индустриска соработка, од кои пет веќе се реализираат во Бугарија, а три ги спроведува „Авионамс“.

Според извештајот на парламентарната Комисија за одбрана, новиот проект треба да донесе трансфер на технологии и знаење, нови производствени можности и проширување на капацитетите на компанијата. Во документот се наведува дека ваков капацитет во Европската Унија во моментов постои само во Полска.

Претседателот на Комисијата за одбрана Иван Лалов изјави дека промената ќе овозможи зголемување на обемот на ремонти и дека договорот со „Локхид Мартин“ не се однесува само на бугарските авиони F-16, туку и на авиони од соседни земји кои немаат такви ремонтни капацитети.

Слични Објави