| |

Бугарија ја поддржа „Визијата од Кјото за златна доба на науката“

Бугарија се приклучи на уште 16 држави кои ја поддржаа „Визијата од Кјото за златна доба на науката“ на 23. годишна средба на меѓународниот форум „Наука и технологии во општеството“ во Кјото, Јапонија, соопшти бугарското Министерство за образование и наука.

Бугарија на министерската сесија ја претставуваше заменик-министерот за образование и наука, академик Николај Витанов.

Заедничката декларација утврдува три главни насоки: подобрување на организацијата и финансирањето на научните истражувања, користење на вештачката интелигенција за забрзување на научните откритија и поголема поддршка за студенти, млади научници и истражувачи.

Документот предвидува и развој на современа научна инфраструктура, пристап до податоци и пресметковни ресурси, како и поддршка за истражувачите на почетокот на кариерата преку докторски програми, стипендии и партнерства.

Покрај Бугарија, декларацијата ја поддржаа Аргентина, Чиле, Кипар, Германија, Грција, Индонезија, Италија, Јапонија, Казахстан, Република Кореја, Нов Зеланд, Полска, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Слични Објави