| |

Петрова разговарала со НАТО и ЕУ: Нападите се грубо прекршување на меѓународното право

„Нападите претставуваат грубо прекршување на меѓународното право и на принципите за безбедна пловидба. Безбедноста на Црното Море е неразделна од безбедноста на Европа. Слободата на пловидба и безбедноста на цивилните екипажи мора да бидат приоритет“, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова на својот профил на платформата X, пренесува БГНЕС.

„Ова е уште една опасна ескалација на војната во Украина. Треба да ги поддржиме сите дипломатски напори за нејзино завршување“, нагласи Петрова.

Таа соопшти дека разговарала со партнерите на Бугарија во Европската Унија и НАТО за помош при утврдувањето на потеклото на дроновите што нападнале трговски бродови во Црното Море, како и за засилување на надзорот над воздушниот и морскиот простор на земјата.

Слични Објави