| |

64 научници поврзани со Бугарската академија на науките се меѓу најдобрите два процента научници во светот

Вкупно 64 научници поврзани со Бугарската академија на науките (БАН) се меѓу најдобрите два процента научници во светот, покажува годинашното рангирање за севкупен кариерен развој на научниците, познато како Станфордска ранг-листа, пренесува БГНЕС.

Од нив, 20 се академици и дописни членови на БАН, а останатите се професори во институтите на Академијата. Во Станфордската ранг-листа годинава се вклучени вкупно 102 бугарски истражувачи, соопштија од БАН.

Рангирањето се изготвува секоја година врз основа на анализа на научнометриските индикатори на повеќе од 12 милиони научници кои имаат публикации реферирани во Scopus и го одразува влијанието што одделен истражувач го имал врз развојот на науката.

Одделно рангирање е изготвено за влијанието врз научниот развој во текот на претходната година. Во него се вклучени уште 10 научници и членови на БАН кои не се наоѓаат на ранг-листата за севкупен кариерен развој.

Така, во двете рангирања вкупниот број научници поврзани со БАН изнесува 74.

Слични Објави