Во Софија беше одбележан Празникот на авијацијата и на бугарските Военовоздухопловни сили
Со положување венци и свежо цвеќе пред Споменикот на авијатичарот во Софија беше одбележан Празникот на авијацијата и бугарските Военовоздухопловни сили (ВВС), јавува БТА.
Годинава се навршуваат 114 години од првиот борбен лет на бугарската воена авијација.
Претседателката Илијана Јотова ја прими почесната гарда и положи венец во спомен на авијатичарите загинати за Татковината. На церемонијата присуствуваа и министерот за одбрана Димитар Стојанов, началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, командантот на ВВС генерал-мајор Николај Русев, припадници на вооружените сили, воени аташеа и граѓани.
Министерот за одбрана пред новинарите изјави дека вторите осум борбени авиони F-16 се очекуваат пред 2030 година, додека командантот на ВВС соопшти дека до крајот на годината ќе има 11 пилоти на F-16.
