| |

БКИЦ Скопје: Честит Ден на народните будители – празник на духовноста, знаењето и бугарскиот дух

Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје упати честитка по повод Денот на народните будители и сподели детали од свеченото одбележување на празникот, на кое Елисавета Шапкарева ја доби почесната плакета „Будител на годината 2026“. Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

„Честит Ден на народните будители – празник на духовноста, знаењето и бугарскиот дух!

Со многу возбуда, благодарност и празнично расположение го одбележавме Денот на народните будители – ден во кој им оддаваме почит на луѓето што низ вековите ги зачувале бугарскиот збор, просветата и културата.

Празникот беше отворен со поздравно обраќање на директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, г-ѓа Антонија Велева, која упати посебни честитки до наставниците, раководството и учениците на училиштето БНУ „Здравеј“ – Академија за иновативно образование, за нивната посветеност на зачувувањето на бугарскиот јазик, духовноста и традициите.

На свечена церемонија беше врачена почесната плакета „Будител на годината 2026“, која традиционално се доделува заеднички со Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Со многу возбуда, благодарност и празнично расположение го одбележавме Денот на народните будители – ден во кој им оддаваме почит на луѓето што низ вековите ги зачувале бугарскиот збор, просветата и културата.

Годинава признанието го доби г-ѓа Елисавета Шапкарева – Лиза, претседателка на Бугарското здружение на родовите од Македонија, поетеса и правнука на истакнатиот преродбенски просветител Кузман Шапкарев и внука на поетесата Елисавета Багрјана.

Плакетата ѝ беше врачена од амбасадорот на Република Бугарија, г. Желјазко Радуков, во знак на благодарност за нејзината севкупна општествена дејност и придонесот во градењето мостови на пријателство меѓу луѓето од Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Честитки до наградената беа упатени од раководството на Македонскиот научен институт и од г. Костадин Филипов – долгогодишен дописник во Скопје и раководител на Лекторијата „Македонија“ при Институтот.

Со специјално подготвена програма за празникот настапија учениците од БНУ „Здравеј“ – Скопје, кои претставија тематска програма посветена на народните будители.

Свечената вечер заврши со прекрасните оперски изведби на пејачката и музиколог Десислава Владимирова Христова.

Меѓу гостите беа дипломати, претставници на Бугарите, јавни личности, родители и пријатели.

Затоа што просветителската дејност не му припаѓа само на минатото. Таа живее и денес – во секој што го чува јазикот, го пренесува знаењето, го зачувува сеќавањето и гради мостови меѓу луѓето.

Честит Ден на народните будители!“, се вели во објавата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Слични Објави