Бугарскиот премиер Румен Радев разговараше со Дејвид Бејкер за стратешката соработка меѓу Бугарија и САД и безбедносната состојба во регионот
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД за европска безбедност и политички прашања, Дејвид Бејкер, кој е во посета на Бугарија по повод приемот на првите борбени возила „Страјкер“ во Копнените сили. На средбата учествуваа министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов и министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.
Во разговорот беа разгледани аспекти на стратешката соработка меѓу Бугарија и САД во економијата и инвестициите, високите технологии и енергетиката. Беше истакнато стратешкото значење на Средниот коридор за транспортното, енергетското и дигиталното поврзување на Европа. Тема на средбата беа и партнерството во областа на одбраната и безбедносната состојба во Црното Море.
