Бугарската армија ги прими првите пет борбени возила „Страјкер“
Бугарската армија ги прими првите пет борбени возила „Страјкер“ на официјална церемонија во воената фабрика „ТЕРЕМ – Ивајло“ во Велико Трново, соопшти Информативниот центар на Министерството за одбрана на Бугарија – ArmymediaBg.
„Новата техника е важен чекор во процесот на модернизација на Копнените сили“, се наведува во објавата на Центарот на Фејсбук.
Според соопштението, воведувањето на возилата во вооружувањето ќе придонесе за зголемување на мобилноста, заштитата и борбените капацитети на механизираните формации.
