| |

Бугарското село Бања одбележа 148 години од Кресненско-разлошкото востание

Со комеморативна церемонија, положување венци и пригодна програма, селото Бања во општина Разлог, Бугарија, одбележа 148 години од Кресненско-разлошкото востание и трагичните настани познати како Бањански бунт, јавува Пиринско.

Пред споменикот на загинатите венци и свежо цвеќе положија градоначалникот на Разлог, Красимир Герчев, претседателот на Општинскиот совет, Иван Димитров, градоначалникот на Бања, Николај Ушев, претставници на локалното училиште и читалиштето, како и жители и гости. Присутните им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење.

На 14 ноември 1878 година, при задушувањето на востанието, османските сили запалиле стотици куќи, работилници и трговски објекти во Бања. Голем дел од селото бил уништен, а останале само единаесет куќи. Поради човечките жртви и материјалните загуби, Бања останала запаметена како „вториот Батак“ во Разлошкиот крај.

По задушувањето на Кресненско-разлошкото востание, илјадници Бугари од Мелничко, Горноџумајско, Разлошко и други делови на Македонија ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во Кнежеството Бугарија.

Во пригодната програма учествуваа вокалната група „Пиринска фантазија“, машка фолклорна група и ученици со уметничка изведба на делото „Расказ за грабнувањето на Манка Рачева“.

Слични Објави