Кирил Георгиев освои сребро на Светското првенство во класичен шах за ветерани во Србија
Велемајсторот Кирил Георгиев освои сребрен медал на Светското првенство во класичен шах за ветерани, кое се одржа во Врњачка Бања, Србија, јавува 24 Часа.
Георгиев, кој е и капитен на машката шаховска репрезентација на Бугарија, собра осум поени и заврши зад Муртас Кажгалеев од Казахстан, кој освои 8,5 поени во категоријата мажи над 50 години.
Бугарскиот шахист беше лидер во пласманот до деветтото коло, но во десеттото го загуби директниот дуел со Кажгалеев за првото место.
Во истата возрасна категорија, велемајсторот Николај Нинов со 6,5 поени се пласираше на 20. место.
