| |

Во Ќустендил се разговараше за пругата кон Северна Македонија и за отворањето на спа-центарот во градот

Обласниот управител на Ќустендил, Атанас Гергинов, разговараше со раководството на бугарската Национална компанија за железничка инфраструктура за изградбата на пругата на Коридорот 8 и за можноста да се отвори спа центар во градот, јавува Пиринско.

Во фокусот на средбата беа делницата од железничката станица Ѓуешево до границата со Северна Македонија и довршувањето на прекуграничниот тунел кај Деве Баир. Тунелот е клучен за железничкото поврзување на Софија и Скопје и за непречен сообраќај меѓу Црното и Јадранското Море. Учесниците разговараа и за деталните урбанистички планови и за претстојните постапки за експропријација.

Спа-центарот, во сопственост на железничката компанија, има 60 легла, спа-зона, сауна и дел за хидротерапија. Објектот беше целосно обновен и опремен во 2016 година, но сè уште не работи.

„Завршувањето на Коридорот 8 и отворањето на спа-центарот се клучни за економскиот и туристичкиот развој на регионот“, изјави Гергинов по средбата.

Слични Објави