Лора Христова по олимписката бронза – „Сè уште сум истата“
Бугарската биатлонка Лора Христова изјави дека освојувањето на бронзениот медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина не го променило нејзиниот однос кон биатлонот. На 11 февруари, 23-годишната натпреварувачка од Тројан со одлично стрелање го освои третото место во индивидуалната трка на 15 километри, пренесува БГНЕС.
„Го остварив својот сон и многу сум среќна што успеав да го постигнам тоа толку млада. Сега имам можност да се стремам кон големи цели“, изјави Христова во интервју за италијанското издание „Фондо Италија“.
„Летово имав многу обврски и средби, но освен тоа, ништо не се промени. Сè уште сум истата. Биатлонот и понатаму ми значи исто. Тој е суштински дел од мене“, рече Христова.
Новата сезона 2026/27 во Светскиот куп во биатлон почнува следната недела со трките во Контиолахти, Финска.
