| |

Софискиот булевар „Витоша“ се искачи на 40-то место меѓу најскапите трговски улици во светот

Софискиот булевар „Витоша“ се искачи за едно место и во 2026 година е на 40. место меѓу најскапите трговски улици во светот, според извештајот на консултантската компанија за деловни недвижности „Кушман и Вејкфилд“ (Cushman & Wakefield | Forton). Месечната закупнина за деловен простор на булеварот достигна 63 евра за квадратен метар, што е за 4 отсто повеќе од минатата година. Годишната закупнина изнесува 756 евра за квадратен метар. За споредба, главните трговски улици во Белград и Букурешт го делат 35. место, со годишни закупнини до 1.080 евра за квадратен метар.

Зад „Витоша“ на листата се главните трговски улици во престолнините на Словенија, со годишна закупнина од 720 евра за квадратен метар, на Кипар со 600 евра, на Словачка со 540 евра и на Литванија со 468 евра. Во престолнините на Латвија и Естонија годишната закупнина изнесува по 420 евра за квадратен метар, а во Скопје 336 евра.

Најскапата трговска улица во светот е Петтата авенија во Њујорк, каде што годишната закупнина достигнува 24.998 евра за квадратен метар. На второто место е „Њу Бонд стрит“ во Лондон со закупнина до 20.642 евра за квадратен метар годишно, а на третото е „Виа Монтенаполеоне“ во Милано со 20.000 евра.

Слични Објави