| |

Бугарскиот министер за одбрана и австриската амбасадорка разговараа за безбедноста во Црното Море

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов и австриската амбасадорка во Бугарија Андреа Икиќ-Бем разговараа за безбедноста на пловидбата во Црното Море и за справувањето со хибридните закани, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Стојанов изрази загриженост поради растечките тензии во регионот и нивното влијание врз слободната пловидба. Тој нагласи дека бугарската морнарица и военото воздухопловство се во постојана готовност и дека земјата тесно соработува со Романија и Турција, како и во рамките на НАТО.

„Бугарија смета на поддршката од сојузниците, но истовремено распореди и сопствени сили и средства долж црноморскиот брег“, рече Стојанов.

Министерот најави дека Бугарија и Романија ќе потпишат меморандум за формирање црноморски центар за безбедност. Според него, податоците од центарот би можеле да ги користат и центри во други европски земји доколку се поврзат во заедничка мрежа и ја координираат својата работа.

Икиќ-Бем ѝ честиташе на Бугарија за успешните операции за спасување морнари и изрази загриженост за влијанието на состојбата во регионот врз меѓународните трговски рути.

Слични Објави