Георги Господинов ја доби наградата „Жан Моне“ за романот „Градинарот и смртта“
Бугарскиот писател Георги Господинов е добитник на 32. книжевна награда „Жан Моне“ за романот „Градинарот и смртта“. Романот на француски го преведе Мари Врина-Николов.
Господинов беше еден од тројцата финалисти што ги избра 11-членото жири. Наградата се доделува од 1995 година на европски автор за дело напишано или преведено на француски јазик во претходната година. Добитникот добива 5.000 евра.
