|

Благоевград ги запали светилките на 14-метарската елка на Денот на христијанското семејство

Со палењето на светилките на 14-метарската елка на плоштадот „Георги Измирлиев“, во бугарскиот град Благоевград на 21 ноември започнаа божиќните празнувања, соопшти Општина Благоевград, пренесува Пиринско. На Денот на христијанското семејство, стотици жители и гости заедно со градоначалникот Методи Бајкушев и Дедо Мраз ги одбројуваа последните секунди пред да засветат елката и празничните украси.

Програмата започна со поворка на божиќни џуџиња од плоштадот „Бугарија“ до плоштадот „Георги Измирлиев“, во придружба на детско-младинскиот дувачки оркестар од Благоевград.

Во претставата „Божиќ, дојди!“ децата од градот преку музика, танц и глума ја раскажаа приказната за петте зраци на божиќната ѕвезда, кои ги симболизираат добрината, пријателството, храброста, надежта и семејството. Дедо Мраз се појави низ волшебната врата на сцената во Божиќното гратче, а „Биг бенд – Благоевград“ ја изненади публиката со музички настап.

Слични Објави