| | |

Пробивот кај Кубадин во 1916 година го отворил патот на бугарската армија кон Констанца и Чернавода

На 21 октомври 1916 година, за време на Првата светска војна, Третата бугарска армија и нејзините сојузници ја пробиле утврдената линија кај Кубадин во Северна Добруџа, пишува Армимедија. Романските, руските и српските трупи се повлекле, а во следните три дена бугарските сили воспоставиле контрола врз железничката линија меѓу Констанца на Црното Море и Чернавода на Дунав.

Утврдената линија го носела името на селото Кубадин и се протегала околу 70 километри, од Дунав до Црното Море. Железничката врска ја бранеле девет дивизии со 90 артилериски батерии.

Првиот напад започнал на 18 септември по наредба на германскиот фелдмаршал Макензен. По тешките загуби, командантот на Третата бугарска армија, генерал Стефан Тошев, на 20 септември наредил повлекување на почетните позиции.

Вториот напад започнал на 19 октомври, откако армијата добила пешадиско засилување и тешка артилерија. Два дена подоцна, Четвртата преславска пешадиска дивизија го зазела Кубадин, а единиците на Источната група ја пробиле одбраната кај селото Топрак Хисар. Во борбите биле заробени повеќе од 2.800 руски војници и 24 офицери.

На 22 октомври коњицата на генерал Иван Колев ја зазела Констанца. На 24 октомври единиците на Западната група ја зазеле тврдината кај Чернавода, каде што се наоѓал единствениот железнички мост што ја поврзувал Добруџа со остатокот од Романија.

Слични Објави