(Видео) Триото „Фрида“ од Бугарија со волшебна изведба во акапел на песната „Што ми е мило, ем драго“
Слушнете ја прекрасната песна „Што ми е мило, ем драго“ во изведба на Трио „Фида“ / Викторија Ризов, Симона Станоева и Калина Андреева/. Аранжманот е дело на бугарскиот композитор Георги Андреев, а записот, миксот и мастерингот е направен од Божко Божков – ATLAS Recordings.
Триото „Фида“ е формирано во 2017 година за време на турнејата на хорот „Нуша“ во Франција. Раководител на триото е Нели Андреева. Во 2019 година, триото учествуваше во националната турнеја на Нешка Робева и КХГ Левски, а исто така на концерти и настапи на фондацијата „Нашиот дом е Бугарија“. Во 2021 година, триото учествуваше на IV издание на Светскиот фолклорен куп, каде што доби Златна диплома (лауреати I степен) и Специјална награда на жирито за откритие на конкурсот. Во 2024 година, триото доби награда во фолклорното рангирање на Бугарското национално радио во категоријата „Камерни формации“ за изведбата на песната „Ајде, слушај, слушај“ во аранжман на Георги Андреев.
