На 101 година, бугарскиот сликар Сава Цоновски ја отвори својата годишна изложба во Софија
Бугарскиот сликар Сава Цоновски на 19 ноември ја отвори својата годишна изложба во галерија во Софија. На 101 година тој сè уште слика речиси секој ден. Кога нема да наслика ништо, го бележи денот со црвено во тефтерот. За него тоа е „пропуштен ден“, раскажува неговата внука Петра Цоновска за бугарскиот весник „24 часа“.
Цоновски е роден во 1925 година во селото Ботево, во близина на Враца. Пејзажите од родното село се чест мотив во неговите дела. Во 1955 година дипломирал на Националната ликовна академија во класата на професорот Илија Петров. По негова препорака се вработил во студиото „Воени уметници“, каде што работел 32 години. По пензионирањето му се посветил на акварелот.
„За уметноста не се зборува, таа се создава“, често вели Цоновски. Во октомври, заедно со синот Саво В’лчев и внуката Петра, приредил изложба во бугарското Народно собрание. Секој од нив изложил по девет слики, а меѓу акварелите имало и цртеж на неговиот четиригодишен правнук Сава, кој го носи неговото име.
