Бугарската манекенка Александра Богданска го претстави накитот на „Студио Зард“ во британскиот моден магазин „Вог“
Бугарската манекенка Александра Богданска од Благоевград се појави во августовскиот број на британското издание на „Вог“ во фотосесија за брендот за накит „Студио Зард“, јавува Пиринско.
Зад фотосесијата стои бугарски тим. Фотографиите ги сними Златимир Араклиев, а накитот е дело на Тио Торосјан и Иван Валериев, основачите на брендот. Во дизајнот се издвојуваат скулптуралните форми и органските текстури.
Претходно Богданска присуствуваше на европската премиера на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ во Лондон, каде што носеше црно-црвен фустан на дизајнерката Пембе Кенан.
