ГЛАВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ИГРАЧИ НИКАКО ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ
Четирите најголеми политички субјекти во земјава имаат различни ставови во однос на изборниот модел. Владејачката СДСМ бара воведување една изборна единица со отворени листи, според ВМРО – ДПМНЕ граѓаните најдобро ќе бидат претставени со мнозински изборен модел, за ДУИ најдобар е системот со шест изборни единици, додека Алијанса за Албанците е за осум изборни единици.
Неодамна, неколку помали политички партии , поддржани од претседателот Стево Пендаровски, како и пред секој изборен циклус ја отворија дебата за промена на изборниот модел.
Потсетуваме дека Граѓанско Демократската Унија уште од своето основање во март минатата година, активно се заложи за промена на изборниот модел, а имено Македонија да стане една изборна единица, со отворени листи. Од ГДУ предложија и намалување на бројот на пратениците во македонското собрание.
Од партијата на Петар Колев го дават примерот со Словенија, која е слична по територија со нашата земја и има 90 пратеници во својот парламент.

