(ВИДЕО) БРУТАЛНА ТЕПАЧКА ГО ОСТАВИ ВО „СЕНКА“ ГОЛЕМОТО ДЕРБИ ВО ЛИТВАНИЈА

Минатата недела во Литанија беше одиграно најголемото кошаркарско дерби меѓу Ритас и Жалгирис, но остана во „сенка“ на жестоката пресметка меѓу навивачите на трибините.

Навивачите на Ритас во знак на протест кон својата управа решија да го остават празен делот на трибините, па навивачите на Жалгирис решија да го пополнат тој дел и да ги испровоцираат ривалите.

Потоа почна тепачката, а беше завршена со исфрлање на 20 гостински навивачи од трибините, додека Жалгирис славеше во мечот со 88-70.

Извор: Спорт1

Слични Објави