| |

Ученици од Бугарското училиште „Канев“ во Канада настапија на концерт по повод 60 години дипломатски односи меѓу Бугарија и Канада

Ученици од Бугарското неделно училиште „Канев“ во Канада настапија на концерт по повод 60-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Бугарија и Канада. Концертот го организираше Генералниот конзулат на Бугарија во Торонто, соопшти училиштето на својата фејсбук-страница, пренесува БТА.

„Драги деца, бевте прекрасни! Со својот талент, инспирација и љубов кон Бугарија ја исполнивте сцената со емоции и гордост! Ви благодариме за прекрасниот настап! Се гордееме со секој од вас!“, напишаа од училиштето.

Од Бугарското неделно училиште „Канев“ им се заблагодарија на родителите за поддршката и на Генералниот конзулат на Бугарија во Торонто за поканата да учествуваат на концертот.

„Бугарија живее во срцата на нашите деца, колку и да се далеку од татковината!“, порачаа од училиштето.

Бугарското неделно училиште „Канев“ при Бугарската источноправославна црква „Свети Димитар“ во Брамптон е основано во 2004 година. Наставата ја посетуваат деца од подготвителната и предучилишната група, како и ученици од прво до дванаесетто одделение. Училиштето има три ограноци – во Мисисага, Брамптон и Нијагара Фолс.

Слични Објави