КАРДИФ ПОРАДИ ПОЧИНАТИОТ САЛА ЌЕ ДОБИЕ ГОЛЕМА КАЗНА!?
Доколку не ја почитуваат пресудата за трансферот на Емилијано Сала, Кардиф ќе добие жестока казна. Тие не ја убедија ФИФА дека не треба да му платат на Нант за трансфер на аргентинскиот напаѓач, кој никогаш не стигна во Премиерлигата.
Кардиф одби да го плати износот за Сала, но сега се соочува со казна, која би морал да ја отслужи така што во следните три преодни рока нема да може да ангажира ниту еден фудбалер.
Да потсетиме, Аргентинецот почина во авионска несреќа, кога авионот во кој патуваше се урна во океан.
Извор: Спорт1

