| |

ГЕРОСКИ ГО ПРАША ЗАЕВ ШТО САКА ДА БИДЕ: ШЕРЛОК ХОЛМС ИЛИ ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

Што и да се случува со евроинтеграцискиот процес на земјите кандидатки кои на последниот самит на ЕУ останаа со прстот в уста – ние и Албанија – извесно е дека во иднина критериумите за зачленување во елитниот клуб на европските нации ќе бидат сериозно заострени. Оценките за достигнувањата на претендентите во реформите ќе бидат „реверзибилни“, а тоа значи дека нема да има многу простор владите на земјите кандидатки да испорачуваат само краткорочни резултати, уште помалку празни ветувања.

На македонските политичари, навикнати на популизам и на отсуство на вистински, структурни реформи во клучните области на општествениот живот, нема да им биде лесно да се соочат со новите предизвици. Добар пример за тоа се долго очекуваните реформи во правосудниот систем. Додека премиерот, од една страна, ветува длабоки резови, дури и предизборен ветинг за сите судии (инаку прилично необмислено ветување, со оглед на недостигот на човечки ресурси), од друга страна, самиот тој го крши принципот на поделба на власта и од позиција на прв човек на извршната власт директно се меша и се обидува да влијае не само врз судските постапки кои се во тек, туку и врз предистражните и истражните дејствија на органите на прогонот

Фрустрација и трикови

Иако донекаде ја разбирам фрустрацијата на Заев поради враќањето на дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство „на почетна позиција“, премиерот сепак мора да се сети на сите предупредувања на експертите дека преземањето на предметите на СЈО од страна на Јавното обвинителство значеше само меѓупотег што може да ги спаси од дефинитивно исчезнување трудот и прескромните резултати на Катица Јанева и на нејзините истражители. Но, строго нормираните правила на кривичната постапка, која води сметка не само на желбите на апсанџиите туку и за правото на одбрана на осомничените и обвинетите, не дозволуваат „автоматизам“ и „континуитет“ на започнатите постапки како што се замислуваше. Еве, сега се гледа дека луѓето од правосудната пракса, кои предупредуваа на тоа, сепак биле во право. Сега белким и на Заев му е јасно дека ќе беше поисплатливо да се вложи повеќе труд да се најде и замена за искомпромитираната Јанева и соодветно место за СЈО во јавнообвиниетслкиот систем. Со малку добра волја, преговорите за предлог законот за Јавното обвинителство можеа да бидат приведени кон успешен крај.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави