МНР ДИМИТРОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА, 14 и 15 МАЈ 2018 ГОДИНА

Вести Истакнато Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров на 14 и 15 мај 2018 ќе престојува во работна посета на Кралството Холандија.

За време на посетата, МНР Димитров ќе оствари средба со новиот министер за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, кој ја презеде должноста во март оваа година.

Исто така, министерот Димитров ќе се сретне и со Мартијн Лукасен, советникот за ЕУ прашања на Премиерот на Холандија, со Генералниот директор за европски работи во Министерството за надворешни работи, Матијс ван дер Плас, како и со Генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вин Гертс. Министерот ќе има и обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија.

Во рамките на посетата, МНР Димитров ќе одржи предавање на реномираниот Институт за меѓународни односи, Клингендал.

Шефот на македонската дипломатијата ќе реализира средба и со амбасадорот Ахмед Узумчу, Генерален директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), чие седиште е во холандскиот главен град.