ИЗЛОЖБА НА ТУРСКИ ПЕЧАТИ ВО НЕГОТИНО
Во изложбениот простор на Музејот во Неготино, денеска (14 мај) во 13.00 часот ќе биде отворена изложбата на турски печати од 19 и 20 век, под наслов „Отпечатена историја“ чиј автор е д-р Александар Литовски …
Станува збор за интересна изложба на најголемата збирка на турски печати со арапско писмо, зачувана во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, а чие истражување го направил кустосот-советник д-р Литовски.
Во рамки на изложбата ќе бидат претставени 28 фотографии на печати кои сведочат за високиот степен на развиеност на опшествените и економските односи и се извор за сознанија за економското и културното ниво на тогашната Турска империја.
Широката примена на печатите, всушност, аргументирано покажува дека тогашното општество имало висок степен на развиеност на сите полиња.
Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 30 мај.