ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ПЛАНИРА ДА ЈА ЗАДОЛЖИ ДРЖАВАТА ЗА НОВИ 16 МИЛИОНИ ЕВРА

Вести Истакнато Македонија

Криминалниот картел на Заеви ја узурпираше државата и ја однесе на работ на амбис. СДСМ во текот на утрешниот ден планира да ја задолжи државата за нови 16 милиони евра, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Триото Заев-Тевдовски-Анѓушев додека секојдневно ја уништуваат економијата во Република Македонија, ги задолжуваат граѓаните со милионски суми.

Најавеното ново задолжување во текот на утрешниот ден во висина од 16 милиони евра е уште еден показател дека оваа Влада на СДСМ нема капацитет да ја води државата.

За првите 3 месеци во оваа година криминалниот картел ја задолжи државата за нови 300 милиони евра. За само 2 недели СДСМ ја задолжи државата и граѓаните за над 25 милиони евра.

Психолошката граница на јавниот долг од 5 милијарди евра е помината. Граѓаните се во страв и паника за сопствената иднина и иднината на своите деца. На Република Македонија и се случува економско цунами.

Секојдневно сме сведоци на нерационални задолжувања, а нови проекти нема. Нема нови инвестиции, нема нови работни места, нема повисоки плати, пензии и стипендии, нема нови болници, градинки, училишта и студентски домови, нема нови инфраструктурни проекти.

Зоран Заев и останатите од картелот не кажуваат каде завршуваат овие милионски суми со кои ги задолжуваат граѓаните.

Ветуваа живот, создадоа криминален картел.

Криминалниот картел што ја узурпираше државата мора да се разбие и да падне. Граѓаните заслужуваат подобро,  се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.