| |

Вистинското лице на Русија

Русофили, русофили од секаде се појавуваат, никнуваат нивни организации, се борат против клетите НАТО и ЕУ , барајќи спас во прегратките на Русија.

Да сме на јасно, за мене Македонија треба да води своја независна политика во рамки на своите интереси, што значи дека, ниту го делам ентузијазмот на европејците а уште помалку пак оној на русофилите.

Сепак не може а да не напишам збор два за слепилото кое владее во русофилските редови.

Прво да се потсетиме што изјави Лавров, а еден ден потоа и нивната руска црква , Бугарија да престане да се меша во црковните односи на релација Србија-Македонија, и да не помага на расколници и безбожници, освен ако и самите не сакат да бидат тоа.

Значи Русите не прогласија за расколници, па има ли потежок термин од тоа да бидеш расколник,  дури терминот предавник е поблаго стилско изразно средство од расколник.

Но тоа некако помина незабележано од Русофилите, не зуцнаа ни збор за тврдењето дека ние Македонците сме расколници, и ако “клетите татари” продолжат да ни помагаат, ќе добиеле соодветни казни.

Друга работа, Русија не’ почитувала нас, за разлка од ЕУ и НАТО, Русите на сите им го признавале идентитетот, правото на самоиндетификација и.т.н.

Епа чудно зошто како што Грците не ни признаваат ништо, така и Русите со ист аршин не признаваат белоруска нација, украинска нација, не го признаваат нивното право да имат свои национални цркви, свои национални носии, не им ги признаваат националните јазици и.т.н.

Значи исто како што нас не’ негираат на сите основи , така и Русија негира одредени нации, држави, воено интервенира во нив и не им дава да водат независни политики во интерес на своите граѓани, истото за што ја обвинуваат и ЕУ.

ЕУ односно голем дел од земјите ни го признаваат правото на наша црква и национален идентитет преку патот на дијалог со оние кои го негираат, за разлика од Русија која веднаш не’ прогласи како расколници.

За мене искрено подобро е кога бирам од две зла да го одберам тоа што ми дава шанса да се докажам и покажам кој сум, отколку оние кои од старт ме етикетираат со најтешкото дело, расколништво.

Еве да не одиме подалеку, например да видиме што се случува во економијата. Македонија речиси нема никаква економска соработка со Русија, па ако русофилите ги остварат своите цели и дојдат на власт и ја прекинат соработката со ЕУ, Македонија би банкротирала за 3 месеци, колку што е потребно да се потрошат националните резерви.

Кога сме кај националниот идентитет да не забораваме дека, Русите не признаваат дека сме антички Македонци, туку славјани, што значи имаат ист став со Грците за нашето потекло, исправен или историски вистинит е најмалку важно, факт е дека тие делат исти ставови во тие полиња.

Русите исто така ја вооружаа до заби грчката армија и ја спасија Грција од банкрот, со што му дадоа на нашиот непријател повторно да се врати на масата како играч и да биде појак од нас, предност што со кризата тие ја изгубија.

Многу е жално како бегајќи од рамките на политиката што ја сметаат за предаторска, русофилите не втурнуваат во прегратките на најголемиот предатор кој некогаш постоел.

Автор: Ојнак

Слични Објави