УТРЕ ОТВОРА ВРАТИ ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЗА РАКОТВОРБИ ПОД БРЕНДОТ ЕСНАФ

Утре со почеток од 10 часот отвора врати првата продавница за ракотворби под брендот „Еснаф“ во главниот град. Продавницата се наоѓа на ул. Луј Пастер бр 5 (до кино Култура).

„После година и нешто креативна дружба, разни базарчиња и базаришта, и секако работилници, многу долги непроспиени ноќи, непредвидливи ситуации и дешавки, со огромно задоволство и чест ве покануваме на отворањето на:
Првата продавничка за рачни изработки иии лансирањето на првата платформа за развој на мали занаетчиски бизниси – ЕСНАФ!

Од занаетчиите за вас!
Со мнооогу љубов ❤❤❤

Пресреќни сме и стартуваме со производи од 50тина занаетчии, а нивниот број многу брзо ќе се зголеми 🙂

Ова е нашето место, местото на сите занаетчии и ракотворци. Заедно настапуваме под брендот Еснаф. Бренд кој ќе стане симбол на нашата традиција и култура!

Бескрајно сме благодарни на сите кои што веруваа и ја поддржаа оваа идеја:

• Блаже Аризанов – првиот кој го препозна потенцијалот во нас, кој го следи секој наш чекор, мудро и строго нè менторира. ( прочитајте обавезно Белиот Трофеј – го има сето она што ви треба за упорност и истрајност :);
• Среќа Мк / Srekja Mk и Happiness.marketing – кои го промовираа и поддржаа секој наш среќен чекор;
Radio Fortuna 96.8fm за поддршка и реклама на сите наши настани;
• Паблик / Public и СЕН, кои нè воведоа на правиот пат во социјалното претприемништво;
• Билјана Лончар – бизнис жениште, сила енергија и мотиватор невиден, и да ментор. Со нас ја остварува нејзината желба од детството, која се реализира во идејата на Еснаф;
• Билјана Аврамоска и Деница Филипова, тимот кој ја живее мисијата на Еснаф!

И секако најголема благодарност до занаетчиите и ракотворците!

Дојдете сите заедно да наздравиме и да го означиме отворањето на Еснаф!“, велат љубезните домаќини.

Слични Објави