РУСКОСКА ВЕЛИ ДЕКА БОКИ 13 Е ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ
„Ви тврдиме дека е во добро здравје. Така викаат лекарите од болницата „8ми септември“ кои сигурно нема да ризикуваат лиценца и да лажат со дијагнозите“, рече обвинителката Вилма Русковска, како одговор на тврдењата на Бојан Јовановски и неговиот адвокат Сашо Дуковски, дека првоосомничениот во случајот „Рекет“ е во тешка здравствена состојба.
Претходно адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски под кривична одговорност изјави дека неговиот клиент не му се дава соодветна терапија.
