НЕВИЛ СЕ НАДЕВА НА НАЈЛОШОТО: ЌЕ МИ БИДЕ МИЛО ДА ГЛЕДАМ КАКО СЕ РАСПАЃА ЛИВЕРПУЛ…
Ривалството на Ливерпул и Манчестер јунајтед во Англија е едно од најголемите. Меѓутоа, двата клуба во моментов се во различна ситуација. Додека „црвените“ ја бркаат титулата во Премиерлигата, „ѓаволите“ се мачат да стигнат до топ-4.
Јунајтед во моментов има 22 бодови помалку од големиот ривал од „Енфилд“, а тоа ги боли навивачите и легендата на „ѓаволите“, Гери Невил.
„Ако Ливерпул ја испушти предноста во првенството, тоа ќе ми ја разубави годината. Би било убаво да ги гледаме како имаат голема предност, а потоа да пропаднат. Морам да кажам дека ја покажаа најдобрата игра во последните две години, но се надевам дека на тоа ќе му дојде крајот“, порача Невил.
Извор: Спорт1
