Бранкица Димитровска: Љубовта помеѓу ДПМНЕ и мене заврши
Ви го претставуваме фејзбук статусот интегрално:
Љубовта помеѓу ДПНЕ и мене заврши (ЕПИТЕТОТ ДЕМОХРИСТИЈАНСКА ПАРТИЈА-НЕ ГО ЗАСЛУЖУВАТЕ)
1. Моето семејство се вложи во подигање на ВМРО ДПМНЕ како партија (за ова можат да посведочат моите сограѓани)..но благодарение на партиски послушници кои вработуваа и до трето колено братучеди-моето семејство се раздели. Брат ми мораше да ја напушти државава со фамилијата за корка леб.
2. Формирав здружение на лица со Хендикеп (ова го пишувам за да не се распрашувате дали здружението имало ќар од дпмне)-ЗАСРАМЕТЕ СЕ ,ВО ТОА ЗДРУЖЕНИЕ ИМА ЛИЦА од различна политичка определба, има неопределени Македонци и Роми.
3. Прашувате по партија дали јас сум добила нешто некаква лична корист од дпмне-НЕ ДОБИВ СМРЗНУВАЊЕ ПО МИТИНЗИ И ПРОТЕСТИ на кои бев носена како врека за компири по автобусите.
4.СЕ ОТКАЖУВАМ ОД ДПМНЕ и како член и активист (бидејки вашите навреди преминуваат и по основ на мојот хендикеп). Епитетот ДемоХристијанска Партија-не го заслужувате)
5.Ќе агитирам против секој што работи против МАКЕДОНИЈА, не ме интересира дали е тоа СДС или ДПМНЕ-ИСТО СМРДАТ.
6.Имам 45 години и планирам остатокот од мојата живејачка да го поминам по МОИ ЛИЧНИ УБЕДУВАЊА А НЕ ПО ПАРТИСКИ ДИРЕКТИВИ-НАСОКИ.
7. И воошто нема да ми биде гајле доколку после овој напис пишувате и ме навредувате по мојот хендикеп (зашто постојат скринови за тоа).
8. Доколку се одлучите да ме избришете од листа на ваш ФБ пријател-направете го тоа час поскоро ,со тоа ке знам дека и никогаш и не ви било местото покрај мене
9. ВМРО по идеологија ќе носам у срце но партија веќе НЕ.
10. Веќе не рачунајте на гласовите од моето пошироко семејство (а дал Бог-баајги не има).
П.С: ПРИБЕРЕТЕ СИ ГИ КУЧИЊАТА ШТО ВИ ЏАВКААТ- НЕ МЕ ПЛАШАТ ,напротив ми даваат воља за живот

