ПРОСИНЕЧКИ ЕКСПРЕСНО НАЈДЕ КЛУБ – ЌЕ ГО СПАСУВА ВО НАЈСЛАБИОТ ТИМ ВО ТУРЦИЈА!
Хрватската легенда Роберт Просинечки, доскорешен селектор на БиХ експресно после еден месец најде нова работа, па од синоќа е нов тренер на најслабиот тим во Турција, Кајзериспор.
Просинечки во Кајзери доаѓа како „спасител“ во обид да помогне неговиот бивш клуб да се спаси од испаѓање. Популарниот „Жути“ беше тренер во Кајзери во периодот од октомври 2012 година до декември 2013 година, кога имаше скор од по 18 победи и порази и 12 ремија.
„Одам во Турција да ги спасам тие момци од испаѓање. Клубот е во тешка ситуација, ќе направам сè за да им помогнам. Веќе договараме некои засилувања, кои ни се потребни за да се спасиме од испаѓање“, изјавил Просинечки.
Кајзери по 17 кола е последен со само 10 бода, пет помалку од Коњаспор, која е прва над зоната која води во Втората лига.
Извор: Спорт1

